Можеби ако се качеше на малото чардаче пред плевната и ако ѕиркаше кон коријата, ќе видеше нешто, ќе видеше десетина рала вжарени очи, но сепак, среќа негова што го фати страв, па не се решаваше да се оддалечи, среќа негова што не ги виде, инаку можеше сосем да му се потчини на стравот, па да изгуби моќ, за здраво размислување.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Среќа негова, си мисли таа, што очите му се отворени па може да се простува со убавото утро и со синото платно на небото.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
— Атеш чуџуклер;“ ) — и сам ја наврте манѕерата кон прозорецот откаде пукна Крстевата манлихера. Заптиите истурија еден залп.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Среќа негова. Да беше на сантиметар лево или десно, со првиот куршум ќе настрадаше.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)