Кратко разговараа и Александар оцени дека ќе има колку – толку помош од својот колега, кој не ја криеше својата среќа дека е во ист тим со Бојана.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Среќа дека помеѓу жените нема толку многу кодоши, како помеѓу нас, мажите, ја пофали тој и ја погали по образот.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
„А не беше лага“, вели, „навистина, помеѓу сите оние грмушки на стравот, жуберкаше тоа поточе на среќата дека создавам нешто корисно за моите цвеќиња“
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Господи, таа отсекогаш беше надарена и од најголемата збрка да извлече лична корист.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Остави ме да си се почувствувам сам, да си се порадувам на себеси, на својата среќа дека ќе бидам таму.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
А Рајна пак, постојано се бесеше за раката на Анатолиј ако беше близу до неа и не се стеснуваше јавно да го искажува своето задоволство и среќа дека ѝ тргнало од рака, еден заколнат руски беќар да го престори во среќен маж.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Ја споделуваше со своите книги својата голема среќа дека на Балканот го пронашол својот вистински собрат по книги, со кого можеше да го сподели чувството на триумфот во поразот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
А сепак, сосема осмислена среќа дека еден нов свет ѝ се открил сосема природно, сосема блиску, сосема некомплицирано и лесно, таму, на неговите усни, во неговата дланка и на неговите гради.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)