Најдов сила да простам, во моето срце има место за една љубов,дојди и кажи ми една добра причина.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Но остана само надежта дека сонуваш за мојата насмевка и дека кога срцето ти затреперува мислиш на мене, дека повторно ќе го пронајдеш патот до моето срце, јас сеуште те чекам.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Тие во срцето имаа изградено црква во која Бог живееше.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Ист вид и ист слух и исто отчукување на срцата имале.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Какви срца имаат, - си мислев - што ли ги бодри толку та одат толку исправени, исправени колку што им дозволуваат скршените лопатки, ребра, испосечените нозе и раце, слепи, чолаци и најпосле тие патерици во нивните раце, под нивните мишки?
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Пелагија само климнува Така е, мајко Персо, во нејзиното срце има место за многумина, за сите Егејци, како и во твоето! Перса длабоко издишува.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
А Богоја, го паметам, маж беше. Расправаа: срце имал големо како глава од теле. Со два прста вреќа зоб кревал.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Никогаш да не поверува човек, во неговото срце имало место и за ветар и за други такви лудории.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Храбро срце имаше козата на господин Сеген.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)