срце (имн.) - почне (гл.)

Мајкиното срце почна да се стега од страв - нешто лошо да не ѝ се случило на нејзината мала ќеркичка.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
На Александар срцето почна да му бие посилно и малку се уплаши, а Бојана, очигледно навикната на вакви работи, пријде кон нивната маса, со широка насмевка од која блескаа белите заби се поздрави со сите и некоја минута куртоазно разговараше со нив.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
- топло, од срце почна да шепоти Елена, а нејзината нежна рака веќе лежеше врз главата на кучката.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Како што наближуваа, нејзиното срце почна сѐ поинтензивно да чука, препознавајќи го и него: тоа беше нејзиниот љубен Петар. Рака под рака со Атина.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Таа со јад во срцето почнала да ги собира.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Тој истрпна. Срцето почна силно да му чука.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Неколку дена потоа врагот ја заврши работата и го посеа семето од увото во браздата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Зашто кога тука, на топлото сонце, ги слушна галежните тонови, срцето почна да му омекнува.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)