Немам сила... Срце пука... Еј, ми тежи тешка ноќ.
„Песни“
од Коле Неделковски
(1941)
Немој да ставаш сè на душа, срцето пука. Па нека препукне.
„Портокалова“
од Оливера Доцевска
(2013)
Нема ли бел ден, нема ли ден да е над деновите, ден да е на аргатите - ден - с’лнце вишен високо ден - море ширен широко, с’лнце да запре, да стои и времето зачудено: срцето пука обрачи и плиска знаме алово, срцето што се отвора и шири ширно широко - целиот свет да загрне!
„Бели мугри“
од Кочо Рацин
(1939)
Неговото алчно срце пукаше од мака при помислата дека маслинките пропаѓаат.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Ослабна, потемне. Неговото алчно срце пукаше од мака при помислата дека маслинките пропаѓаат.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)