Бескрај Се будам под твојата ѕвезда.. срцето ме тера на растење но мојава кожа е претесна да собере сѐ...
„Разминувања“
од Виолета Петровска Периќ
(2013)
Се израдува кога ме виде и на драго срце ме изгушка.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Сѐ такви мисли ме демнат, молкум за срце ме фаќаат.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Како остра стрела во срцето ме прободуваше мислата што секавично ми миниваше во главата...што ако умре!
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Доволно сум во здравтвото за да знам дека тоа во превод значи ...вашата мајка почина... ама не сакав да верувам во тоа.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
И младоста сум ја поминал таму.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Не паметам точно кој, веројатно некоја од тетките имаше речено дека сум се родил во воденицата.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Одамна се мртви тие денови на младоста, но мене и понатаму срцето ме влече кон Пребег последното прибежиште на старите спомени.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Дури потоа мајка ми се преселила долу, в Бањи.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Сѐ што се одигра за тоа кратко време некако до срце ме потресе.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
1. Преобразби
„Срцето ме влече да ги опеам преобразбите
во други тела“,23 на Ѓаволот конецот
намотан на макара да го замрсувам
јазикот да го вртам вртоглаво
на врвот врв да најдам
во коцката, коцка-бесконечност
во кругот, точка-вселена
за габите легло, да го откријам
-пред да пропеат првите петли-
мистериозниот отпечаток, совршено обол
божјата преса по европските полиња
додека житото живее знак дава
човекот да се прилагоди на чуда
и да мисли низ чудеса
небаре сѐ е
од два краја составено
на два раздвоено, непостојано
хаос и космос секаде и секогаш
отровен и неотровен свет двојници
свет условно отворен
на слобода пуштен
за да биде поблиску до смртта
најаве
одошто теориски.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)