Тенорот го подига последниот збор и гласот останува за миг да виси во растреперениот ноќен воздух и секнува песната колку за да чукне срцето посилно, градите да се наполнат со воздух.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Бледилото на лицето почна да му се заменува со црвенило, срцето посилно да му чука од напливот на крвта и од возбудата што еве најпосле по толку години пак е во своите мили предели откривајќи си го во нив својот некогашен изгубен лик.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)