срце (имн.) - силно (прил.)

Јас најодговорно тврдам дека моите намери се најчесни и најчисти и можам само да Ви ветам дека доколку ја одобрите мојата молба, јас ќе се грижам за Томаица и моето семејство на најдобар можен начин.“ рече Петар, додека срцето силно му чукаше во градите, а тој со сигурен глас сепак успеа да настапи доста убедливо, гледајќи го цело време газда Таки директно и смело во очите.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Пет секунди подоцна, додека срцето силно му тропаше, Винстон седеше на масата до девојката.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Удира, ме скокотка. Здивувам, а срцето силно ми чука. Треперам.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Срцето силно ми биеше и неговото тропање го чувствував во вратните жили и во слепоочниците.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Срцето силно топотеше во неа, но таа сепак се држеше присебно, како ништо да не се случува „Да, нормално е да има големо влијание од Франција.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Срцето силно му зачука од возбуда кога до кепенокот на дуќанот за петлици го виде изложеното цвеќе.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)