Докторите продолжија и понатаму да ги препишуваат слободно, со нив лекувајќи - од разни депресии до диети за добивање во тежина, со што само ја зголемија нивната рекреативна употреба, посебно на амфетамините Дринамил (пурпурни срца или сини), Декседрин (дексијс), и Дурофет (црни бомбардери) кои ги преплавија улиците и црниот пазар. 1964.година, после вревата што ја кренаа медиумите, илегалното поседување на амфетамините стана казниво со закон.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Љубете со целото ваше срце и душа, без страв дека ќе ви го украдат срцето или ќе ја изгубите душата.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Сакајте до небо и над него, безусловно, без простор, без време, без казни, без осудување со божествено срце.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
- Па, нели имаше проблеми со срцето или, како што ми кажа, некаква бактерија...!?
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Разбирањето на суптилното појавување на хаосот во еден систем ни помага не само да го опишеме однесувањето на листот што плови, неправилното чукање на срцето или капењето на славината, туку и многуте аспекти на нашиот сложен космос, во мали и големи размери.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Она што треба да биде пракса во мигот кога некој ќе треба да се регрутира во редот на театарџиите, творците, е да се констатира дали има срце или не.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
СИМКА: Ние едно мислиме, татко и мајка друго...
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
КОСТАДИН: Од срце или од уста зборуваш?
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Дури и го почувствувал мирисот на оние треви со чиј мелем се ублажувале изгореници на кожата со име волчо срце или така некако, волчи јазик, волчи трн, облипиха во јазикот на руските трговци и војувачи.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
- Ќе доживеам ли јас некогаш да го видам светот? – ја прашав неочекувано.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Сите бевме премрени од страв и не знаевме што да сториме.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
И пак почувствував дека она одвратно змиулче ме каса внатре, во срцето или душата, сеедно, но не сака да ме остави на мира.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Дали беше тоа моето срце или на Мила, која беше најблиску до мене, не бев сигурна.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Ним не треба безрезервно да им веруваш“ беше нејзиниот заклучок во врска со однесувањето на тој војник на бел коњ.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Дали таа навистина не знаеше каде е родена?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Зар има причина таквите нешта да се сметаат за тајна?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Чувај се од оние поединци, кои од лековерност или по потреба ќе ги сместиш во срцето или во негова близина.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
И песната, и луѓето, и нивната цел, сѐ, и несвршената караница, се оддалечувале.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Зошто станал челник на дружината, зошто не ѝ рекол на игуменијата дека пред сто или пред илјада години тој самиот, неговото срце или неговиот разум во некој друг, водел кон магли исто вакви тврдоглави човечишта и ги оставил коските под врлежи зашто без престан се судрувал со алчност и со безумност.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Да може да му ги види очињана ќе знае дали тоа што го кажува го кажува од изворот на срцето или и сега како и цел живот си прави мајтап со неа.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Турчин изгорел ти срце или чорбаџија?
„Крвава кошула“
од Рајко Жинзифов
(1870)