став (имн.) - може (гл.)

Откако ќе се запознаеја со тие луѓе, со нивниот поголем пркос, со нивната софистицираност и самоувереност, новодојденците од провинциите честопати наидуваа на сериозни предизвици за своите претпоставки, вредности и претстави околу вистинскиот начин на кој треба да се живее, да се биде геј.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Луѓе што веќе со години живееле во геј-гета имале и време и можност да се „ослободат“: да се отпрограмираат, да си ги вратат приглупите, хетеросексуални предрасуди, да достигнат политизирана свест, како и да се возгордеат со сопствениот геј-идентитет.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Можеби не си сакал да се изложиш на нив, но многу избор немаше. ‌„Сѐ уште се сеќавам на страшната, вртоглава возбуда од моите први харања по геј-пабовите и по геј-клубовите“, пишува Џун Томас во извонредниот омаж за улогата на геј-барот во геј-историјата и за геј-заедницата, „на трепетот од пронаоѓањето други лезбејки и геј-мажи во сета таа нивна прекрасна, тмурна, сјајна, лигава разновидност“.442 И како тоа да не беше доста, новата јавна геј-култура практично гарантираше дека луѓето што се селеа во некоја геј-енклава ќе запознаат многу старовремци кои знаеја поискусно да бидат геј и кои во таа работа беа пософистицирани од нив. ‌А згора, тие ветерани на урбаниот геј-живот честопати имаа фрапантно милитантни, бескомпромисни, антихомофобични, антихетеросексистички и антиглавнотековни политички гледишта.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А така процесот на аутирање го усогласуваше со постепеното раскрстување со традиционалните хетеросексуални, конзервативни, главнотековни претстави за правилниот начин на живеење.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Вака влијателни ставови можат да бидат злоупотребени од страна на ксенофоби и националисти - иако луѓето како Фукујама и Хантингтон веројатно не сметаат на тоа или едноставно го превидуваат.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Старите ставови можеа да им се расколебаат. ‌Самата смеша од луѓе во новите геј-друштвени светови беше благотворна за радикализација на машкиот геј-живот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)