Наместо тоа, етикетата „мелодраматични“ им ги идентификува страдањата како само патетични.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Но кога геј-мажите се нарекуваат себеси во прво лице со зборовите „мајка ти“, или кога тагата ќе си ја претстават преку намерната тактика и театралноста на дрег-изведбата – преку ироничното имитирање на италијанските вдовици – тогаш го пригрнуваат токму тоа декласирање и ги сместуваат сопствените чувства во категоријата на мелодрамата.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Ако поимот „мелодраматичен“ е погрден за туѓите чувства, ако ја поткопува автентичноста на туѓите чувства и им ја одрекува на тие луѓе положбата што е нужна за општествена ополномоштеност и, со тоа, за сериозно разгледување, тоа е затоа што одбива да им ја укаже на нивните страдања аристократската и мажествена достоинственост на трагедијата.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
А штом ќе се обележат со таа етикета, страдањата им стануваат еднакво несериозни – и, на крајот, еднакво потенцијално смешни – како жените и рајата од средниот сталеж чии страдања презрениот жанр на мелодрамата, со својата изместена сентименталност, ги сфаќа сериозно.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)