По десетина минути, стариот го симна торбулето од рамото и од него извади две жолти дуњи, две суви китки босилек, едно крајче мувлосан леб и празно пагурче.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Стариот го чуваше и се подгордеваше, им раскажуваше на пријателите за виорливите денови од војната, најзанимливата и врвна точка во животот негов.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Стариот го изговараше својот вистински аманет. Татко остана занемен.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Стариот го припушти на неколку чекори, правејќи се како воопшто да не го сетил, ами како да го гледа сега крувчето, и рече божем за себе, но доволно гласно да го чуе Пискулиев:
- Бре што беше оваа рака! Како да го закла дрвцето, сироткото!
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Стариот го интонира тржествено гласот, како да му поверува нешто драго и живо на Пискулиева, а тој
одговара скромно, здржано, но сепак свесен дека ја заслужува таа верба.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)