Сосем блиски по духот, а далечини по формата, се бројните алегории и параболи со елементи на фантастика со ретки содржини, почнувајќи од поетските параболи (Куќа) или кошмарните визии (Писание за ѕвероглавите, Специјалист по чудни болести) и алегориите (Потоп, Студ, Кула, Писмо, Старицата и деветте кучиња) со стокмени значења.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Се случи она во што никогаш не би можела да поверува, иако секој ден ја стегнува и ја сподавува болка кога слуша како многу мајки и жени ги оплакуваат своите мажи и чеда...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Брза зашто сонцето се навали над високата плаиина.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
И одново тука, меѓу раздомените, кои со секој ден што одминува ја губат и надежта дека ќе се вратат на своите пепелишта и живеат со своите спомени и секој ден чувствуваат дека нема ништо пострашно од празнината, таа, меѓу овие старици и снеможени мажи, меѓу вдовиците и жените одделени од своите мажи, меѓу жените што секој ден намнисуваат за своите деца што се наоѓаат на фронт или под туѓи поднебја, меѓу постојано расплаканите и разврескани деца, сега се чувствува сосем сама. Сама.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Се омажила во дваесет и второто лето.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Ја прегрнува со големите рачишта подгрбавената старица и мрмори некоја благодарност.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Борците се веднат кон раката на старицата и потоа поаѓаат еден до друг, како да се потпираат во одењето.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Гледа старицата и би сакала да им викне некој збор, но нешто ја стега под грло, од тоа ѝ е тешко и слатко во исто време.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
А потоа, откако убаво ги истопли опинците од Сандрета, кој за цело време ги врткаше над огништето, се сврте кон старицата и рече: - Донеси чорапи.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Се поткачивме на скалите од влезот во зградата на болницата, и така можевме убаво да видиме што се случува во централниот дел од паркот: таму десетина луѓе јаваа огромна риба направена од перници зашиени една за друга, и извикуваа: „Летаме! Летамееее!“, таму една старица држеше стаклено чевличе и прашуваше: „А каде е принцот, да провери дека ова чевличе му прилега како излеано на моето ноџе?“, таму во занес една старица и еден старец со огромни пеперуткини криља потцупнуваа де на едната, де на другата нога.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
„Ова е како театарска сцена,“ рече брат ми. „Или како циркуска арена,“ реков.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)