Да, ова побелено, безабо, испиено старче беше Ѓорѓи Прчев, големиот актер на повоениот македонски театар, необјасливо исчезнат од својата комфорна куќа на Водно, сега пред смрт во скромна католичка болница за сиромашни во далечната Индија.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Такво шеќерно старче беше и дедо му на ловецот Капсула, секогаш смело загледано во туѓите очи; ништо не бара во нив, само го огледува своето лице, нема ли на кожата некоја ненужна дамка што би го урнала светечкиот негов изглед пред луѓето.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)