И само по десетина чекори, кога беше навлезен во сивината на таа осојничава длабочина, тој знаеше дека патот меѓу стеблата може да биде и единственото нешто, што ќе е во состојба да го пребори.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Ја видел како влегува во ребрестите сенки на шумата и го стиснал челото врз топла и жива кора на дабово дрво.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Разбуденото стебло можело со сокови да му ги наслушнува разбуричканите мисли што се слеале во бучлив порој на измамена крв и ужас.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)