Или вашата соговорничка (а тоа ми се случи мене) да потскокне од столот во ресторанот и сосема природно да направи неколку вежби за истегнување на ‘рбетот, додека вие зборувате за постмодернизмот за кој таа, вашата соговорничка, инаку е животно заинтересирана.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Во црквата владееше некакво шаренило: едни се молеа, а, други се одмараа на столовите во дното и пишуваа на разгледници, веројатно за да ги поздрават своите.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Ако во „Топкаписи“со секој чекор, од една во друга одаја, се очекува изненадување поради блесокот на драгоценостите и накитите, во европеизираниот дворец - сарај - „Долма Бахче“ фрапира раскошната архитектура од барокот на деветнаесеттиот век, кога сарајот е и граден, полн со едно достоинство, со еден тежок раскош во мебелите, каде што сè е во кристал и позлатено: од креветите на султанот и на првата султанова жена, па до оние столови во собата за ручање, каде што и денес е останато така како што било некогаш, кога во овие огромни простории живееле султаните...
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Затоа те и ми нудат почесен стол во своето друштво.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
„Не знам како не ме болат ни нозете, ни грбот за викенд, а не седнувам ни за миг, освен оној пола час кога го пијам кафето што некое од децата ми го направило, седната на мојот стол во најоддалечениот агол од дворот, од каде што, како на реклама, ги гледам сите свои и негови како едно и знам дека не погрешив...“, презеде бабата.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Молчев. Поточно бев изненаден, но не од прашањето на Зрновски, туку од чудната ситуација во која се наоѓав: наеднаш открив дека сум седнат на еден од столовите во приемната на Стариот писател.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
И најсериозно се прашував: како може да се случи да сум овде, кај Зрновски, кога знам дека седам во аголот на нашата соба.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Хичкок: „Не, можете да ме видите и во Станар, седам во предниот план на стол во новинската редакција.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Кога ќе видам стол во прекрасен простор, без разлика колку и да е убав столот, не може никогаш да биде поубав од празниот простор. ◊ Моја омилена скулптура е празен ѕид со дупка во него за да го обележи (врами) просторот од другата страна. (1975) ◊ Обично сѐ што ми треба е паус-папир и добро светло.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Веројатно би ја дозагубил веќе пореметената рамнотежа.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Ѝ напишав: Можам да си замислам, Аксја, како се чувствува еден ситен мал човек седнат на стол во самиот центар на земјата.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
„Се разбира, не; но направивме нешто подобро и ги прегледавме спојките од секој стол во куќата, а со помош на најмоќниот микроскоп и секое составно парче од целокупниот мебел.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)