Тргнете ги столовите од светот, направете човекот да го заборави нивното постоење и зборот стол да исчезне од сите реченици на светот.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
АРСО: Па, па, па, јампала Гостивар! А така кума Петрио!
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
На стол да седнам, вино да пијам, вино да пијам, куме, вино ракија, рам-там-тарараам, рам-там-тарарам!
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Му дадоа и стол да седне и цигара да запали.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
(Една од жените ѝ подава на Антица стол да седне, потоа ѝ става на скутот едно машко дете и ѝ подава чорапчиња).
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)