Така и почна тоа на островот Егина. Во Атина беше толку жешко што кога Едо ќе ја ставеше дланката на бетонскиот столб во нејзиниот стан, ќе почувствуваше гореа како од вжештен оџак.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Грешката, чинам, лежеше многу понапред - се покажа дека девојките кои, со долна облека на столбовите во диското, се повикуваа, не беа никакви божици на плодноста, туку на згодноста.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Како најстар син во семејството, според обичајот кога татко му како столб во семејството, ослабен, испиен во лицето и со вечниот чибук на усните, тивко се ронеше и не одговори на многуте повици од сестрите и браќата да замине кон Турција, Татко требаше да ги преземе сите главни работи во семејството, имотот, грижата за сите како најстар син.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Тој укажува и на славната галерија на столбови во римската Palazzo Spada, и тврди дека со пишувањето треба да се создаваат "перспективистички продори". Palazza Spada Ново гледање Тесауро живее на самиот крај на маниристичката фаза, меѓу ренесансата и високиот барок.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Стомакот почна да се спушта надолу. Во грбот чувствуваше неподносливи болки, како ’рбетниот столб во секој момент да треба да и се одвои од телото.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Сонцето со последен срак се збогуваше од неговото избричено теме, а тој, забуцан столб во тврда земја, гледаше во Мирона со стиснати и студени очи како да се присетува на нешто.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Од друга страна тоа е и почетен навестувачки знак за моето согледување на проблемот на “архитектониката”, како некаква замислена прва цигла во овој скромен обид да се создаде “нехендикепирана куќа” во текст, то ест некаква нејзина анаморфоза, одблесок што го нарекувам “Децентриран дом” и кого што, колку и да е “виртуелен”, повеќе го преферирам како “место за живеење” од навестената сигурност (стерилност) на “нехендикепираната куќа”. (узбуна, паника, “веќе шизоидно станува ова преплетување на жанровите”, велат прасињата и ги затнуваат нежните уши; но волкот продолжува да дува и да дрдори сеќавајќи се на зборовите оставени во аманет: МОЈОТ ДОМ Е МЕМОРИЈА Е ТЕКСТ Е ПРИКАЗНА) Виртуелно-реално, централно-странично, (не)хендикепирано, ете веднаш пар потпорни столбови во форма на поларности, дихотомии и дистинции, се чини неизбежни дури и при обидите да се “градат кули во воздух”, што отприлика е намерата на овој текст; зборот “хендикеп” (вон своето примарно “коњско”, т.е. спортско значење кое потекнува од англиските коњски трки), од една страна асоцира на тнр.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
СТРЕЏЕР- столб во средината на гумното на кое се врши жетвата, околу него, врзани за јаже, се вртат коњите дробејќи ја сламата и чукајќи го житото од класот.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)