Стомакот му беше залепен за слабините, цревата му кркореа во празни клобурци, а јазикот му беше пенчетиран со ѓон.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
16. МИ ГО ОТРУ СРЦЕТО, ПА СЕГА БЛАГО МИ ДАВА - а благото, како благо, сал на стомавот му годи, и во златна паница нека маџун да ми клава не ќе појде по таков пат до срцето што води...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
Нему целиот стомак му се креваше и спушташе и така ги прдеше зборовите. Капираш?
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Нервозно го протре со рака, но од тоа болката само малку се прошируваше низ главата до слепоочниците без да намалува и чувствуваше како во стомакот му станува тешко.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Стомакот му беше вовлечен и околу половината му се подзавртуваа сините долго носени работнички пантолони.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Знаеш кога дебелото црево ќе те удри со лактот, па внатре ти доаѓа некако ладно, и ти знаеш дека треба да му дадеш луфта?
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Во стомакот му се шири туѓа празнина.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)