Зад сека грмушка се крие идеалот за збогатување набрзина, зад сека грмушка на оние кои се стискаат да не се измочат в гаќи силници им ги превртуваат џеповите и кога нема да најдат ни петпаре од бес ги плескаат по газовите, ги влечат за уши, им бркаат во очите.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Враќајќи се дома сум се качила на амбар и сум сакала да скокнам, викајќи – мечка страв мене не страв.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Тогаш од пепелта на самотијата се зададе Давид, на мнозина им се стори малку подгрбавен и омлитавен, киниса средполе, однапред отпишан и прежален од сите, да му се истопори еден на еден на титанот, мечка страв мене не страв, нешто си мрмореше самиот на себе додека ја токмеше прачката, срдито си велеше доста тука се пееше прачка имам кураж немам, време е да има варено млеко за нашите деца, време е на пазарите да има и цреши без црви и со црешови семки да се запише дека тука нешто вистински постоело.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
И јас земам. Мечка страв мене... А знам дека со една не можам. Тешкото е дури да почнам.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)