И нејзе ѝ беше жал за нас двете, а можеби и за себе и за нејзините другарки, можеби и таа си имаше свои стравови поради разделбата и што знам јас што, но знаев дека не ѝ е лесно.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Во градот кој го сочинуваше мнозинското грчко население, покрај припадниците на други народи, постоеше и сосем одвоено еврејско гето, опколено со цврсти ѕидови, додуша наследени од минатото и уште во тоа време почувствувани за непотребни.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Пела не покажуваше страв поради средбата со многу деца, туку, напротив, радост дека освен Дончо на Чана ќе има и други деца за другарчиња.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
„ Доцнел и порано”, рече другиот, „но никогаш како сега”. Карер го разбира тој прикриен говор во кој се чувствува стравот поради кој поразните состојби во животот му се припишуваат, општо на времето, а не на воените или на политичките околности и затоа час поскоро се враќа, како впрочем и тие, на претходниот дијалог.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)