Сејач на тој страв не беше само полицијата, туку и селскиот кмет, даскалот, општинскиот службеник, судијата и судот, војската, црквата, радиото и весниците.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Нејзе уште од мала ѝ е всадено чувство на стравопочит спрема чорбаџијата, повеќе на страв, отколку на почит, и тоа чувство ѝ преминало некако во навика, така што нејзиниот страв не е силен но затоа е постојан.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Страва не минеше од нас. Од смртта исплашени тогај зедовме оружје в рака. Чувствувавме дека ни мрзнеше крвта..
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Двајцата другари од страв не можеа да кажат ни збор.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Но стравот не ги остава, а и мајките не ги оставаат.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)