Ќе ја отвореше со страв вратата, кај надлежниот чиновник, ќе се поклонеше, ќе го погледнеше во очите и со страв ќе ја затвореше вратата.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
стравот ќе збифта во мене - тогаш ќе се запали мојата внатрешна телевизија - на екранот сцени од кои не можам да избегам - низ моето вкочането тело програма што не се згасне со притисок на копчето - лекарка,
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Понекогаш ќе се сожалеше и оние добичиња што од силен јадеж и страв ќе избегаа во планината, одеше да ги бара; кога ќе ги најдеше спикани во некоја грмушка или трап каде што сѐ уште мавтаат со опашката и клоцаат со нозете од силен јадеж, им се доближуваше полека, им ги вадеше коњските муви и стршлените и тие ослободени од тој напаст, го лижеа по рацете и им идеше да го бацат.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Затоа и заминувајќи од градот не ја зеде мојата адреса, не ми ја даде ни својата, и така ниту преку писма не можевме да си кажеме како сме и што правиме.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
- Што бараше човекот, стриче Лентен? - тихо, со страв ќе прашаше некое од децата.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Понекогаш, кога мојот страв ќе ја создадеше помислата дека тој ќе си го одземе животот, сакав да побарам пари од брат ми за да можам да отпатувам, да го пронајдам имотот близу Минхен, каде Рајнер израснал и каде што сега веројатно беше, но знаев дека за да дојде во мир со себеси, за да дојде до одговорот на „Кој сум јас?“, му беше потребно да биде сам.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)