Безпомошно гледаше на онаа страна кон Србина кој повеќе како да му сенчеше од привдување одошто го гледаше.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
А тој зеде да се оградува. Ѕидаше од отворената страна кон ридот.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Се разбира дека прво ѝ се потпре да ја призаврти на левата страна кон него, но увиде дека брчалото на нешто запнува.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
„Да ја простудираме“, студено додаде и ја сврти отпечатената страна кон светлината.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Од предната страна на кафезот беше зацврстено нешто што наликуваше на маска за мечување, со вдлабната страна кон надвор.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Ти знајш, - рече ставајќи ја дланката на градите, на таа страна кон срцето, - дека јас прво селото си го гледам. Власта, пак, мене ме гледа.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Само што стигнаа да ги растоварат коњите, дотрча еден од другата страна кон нив забрефтан, им шепна нешто на уво, а тие како подгонети, рипнаа го истурија казанот со манџа, ги собраа пушките, па како молња, побегнаа..
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)