„Се прашувам“, рече тој, „дали телата треба да ги ставаме исправено или легнато, со главите на десната страна или со нозете на десната страна.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Така може да се забележи дека воведувањето нова секта во државата е најсигурен начин за тоа да се поправат грешките на претходната.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Љубомората допира сѐ до поединците: секој е претпазлив и се плаши да направи работи што би ја обесчестиле неговата страна или би го испоставиле на непростен презир и осуда од спротивната страна.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Инаку, велат дека не е во интерес на владетелот во својата држава да трпи повеќе вери: ако во неа се соберат сите секти на светот, тоа не би предизвикало никаква штета, бидејќи не постои ниедна секта којашто не заповеда послушност и не повикува на подредување. Монтескје (Montisquieu), Персиски писма, 1721 okno.mk | Margina #32-33 [1996] 90
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Ако по склучувањето на договорот настапат околности што го отежнуваат исполнувањето на обврската на едната страна или ако поради нив не може да се оствари целта на договорот, а во едниот и во другиот случај во таа мера што е очигледно дека договорот повеќе не им одговара на очекувањата на договорните страни и дека според општото мислење би било несправедливо, да се одржи во сила таков каков што е, страната на која ѝ е отежнато исполнувањето на обврската, односно страната која што поради променетите околности не може да ја оствари целта на договорот може да бара договорот да се раскине.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Но штом војската ќе излезеше од шумата, или штом ќе се завкачеше по острите падини на врвот, од тополечка страна или од кај страната на Битолско Џаде, веднаш бидуваше косена.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Со раскинувањето на договорот двете страни се ослободени од своите обврски, освен од обврската за надомест на евентуалната штета (чл. 121, ст.1 од ЗОО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Бојот ќе траеше неколку дена, а потоа, ноќе, откако ќе испоубиеја многу турски војници, бунтовниците се повлекуваа.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)