страна (имн.) - ќе (чест.)

Затоа сега дедот Стале многу се израдува кога му рече Петко оти сака да се запопи и му вети полна поткрепа со некоја и друга лира, бидејќи ќе прави добро на свој човек, кого сам тој го дотера до питачки стап, а од друга страна ќе се спаси од поп Спира да не му плаќа секоја служба бела меџудија.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Уметникот мора да се грижи за својата публика, која од своја страна ќе цути под неговата заштита, исто како и Бојс кој чувствувајќи ја топлината на своето имагинарно стадо, вистински станал здрав и независен.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Стадото за Бојс не било апсолутно лошо.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Бојсовата фантазија за симбиотската топ­лина 94 Margina #11-12 [1994] | okno.mk и присност помеѓу овчарот и неговите овци станала модел на неговата концеп­ција за нужно личниот однос помеѓу уметникот и публиката.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ако има господ и за нас, такму кај себе, од десна страна ќе го држи.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Дотогаш, додека не стане тоа, поради ова што стана со него и со Лазора, најдбро е ова што го вели Максим, ние и Хаџи Ташку една страна ќе држиме.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Пред самиот мрак, над илјада души четници и востаници ги исполнија ливадите и направија тркало околу самата чешма.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А гледате ли моата куска? — Ја поткрена малихерката. — Ете, за пет лири во Софија а купи, како секира шо купуаш на пазар. Та и вие.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Се знае оти со гола рака змиа не се ваќа. A Организациата од своа страна ќе ни испраќа и таа колку шо' има и шо може.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Од јужната страна ќе се јават стотина востаници да ја разделат силата на аскерот, а од запад Толе со своите четници ќе навлева во селото да му се доближи на конакот и да му влезе на Арсланбеј како пред неколку години што му направи кај Сивета во Старавина.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Јас од моја страна ќе си дозволам со чистосрдечна жал да видам во сегашното движење полно фијаско.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Не знам на која страна ќе натежне.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Дури и ако поминеш, тогаш и од онаа страна ќе се најдеш пред конец кога ќе сакаш да се вратиш.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
На чија страна ќе застанат тие во војната која лази по тунелите, им се приближува на мостовите, чука и на нивната врата.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Не приоѓајте му, Тој се крие во жиличките на тревата, Скита низ пустината и наслушува од која страна ќе надојдат водите, разговара со плодовите, неговиот глас за визглавје го ставаат во крошните на децата и во постелите на болните, неговата галија плови меѓу пусти острови расфрлани низ морињата на оние што останаа без сон.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Ја погледна последната реченица на екранот, онаа што ја напиша пред да почне да размислува за него: „Мирниот соживот на Македонците и Албанците ќе зависи од тоа дали двете страни ќе зборуваат помалку за поделба на земјата, а повеќе за споделување на одговорностите.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Не можеше да знае која страна ќе ѝ биде лицето.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Таа седеше и само наслушнуваше на која страна ќе падне круша.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Едно беше важно - не смее да ги испушти па сеедно од која страна ќе дојдат.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Знам на која страна ќе тргнам и од каде ќе се вратам. Си ги знам стапките.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Да те чуе некој од некоја страна ќе помисли дека си мрдната од умот.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
На страната на оној на кого му верува?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Да знаеше, на чија страна ќе застанеше?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
(Да им беше наменет само на геј- мажи, ќе значеше дека не им е рамноправно достапен на сите квалификувани додипломци на Универзитетот на Мичиген и од моја страна ќе беше непрофесионално да го предавам.)
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Час едната, час другата страна ќе натежнеше, а час за миг ќе се смиреа во прелажна рамнотежа.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Но од моја страна ќе беше сосема нечувствително веќе секое задржување, не сакав премногу да ги жалостам срцата на милите роднини. Проклет да бидам, таков сум по природа не сакам да останам ни минутче каде што не ми е местото.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
На враќањето царот го догледал момчето искачено на каменот како гледа во далечината, а говедата наоколу пасат трева.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Затоа постојано чукал со чекан.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Од оваа страна ќе ја водам пешадијата, а од оној рид ќе го изненадам непријателот со коњаниици.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Беа дошле до заклучок дека на светот му е потребен нов или подновен светски поредок, што од една страна ќе ги заштити човековите права и човековата околина, а од друга страна ќе ги спречи господарите на парите, монетарната стварност да ја претворат во катастрофална виртуелност.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
„Ќе го прошетате ходникот и по првите скали од левата страна ќе се качите на катот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)