Во уверението за имотната состојба мора да се назначи износот на данокот што го плаќа домаќинството и одделни членови на домаќинството како и други извори на нивните приходи и воопшто имотната состојба на странката на која ѝ се издава уверението.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
На увидот и на реконструкцијата може да се повика вештак ако неговото присуство би било од полза за давање наод или мислење (чл. 235, ЗКП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Шумата, што почнуваше веднаш тука и ги обраснуваше двете високи странки на долината, беше станата сета еден раскошен бел вез, во кој секое дрво претставуваше по една чипкеста плетенка од окит.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Странката е должна кон предлогот да поднесе уверение од надлежниот орган на државната управа за својата имотна состојба.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Странките и оштетениот ќе се известат секогаш, кога и на кое место ќе се испита сведокот, односно ќе се изврши увидот или реконструкцијата со задолжително присуство на странките на тие дејствија (чл. 390, ст.3 од ЗКП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)