Попусти беа строгоста на полициската униформа и палката на татко му.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Но, овие двајца не знаат за расипаност. И таа нивна чистота ја смекнува строгоста на претседателот.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
За Бахтин, карневалот беше кус исклучок за уште подобро да се потцрта строгоста на нормалниот живот.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Сега, меѓутоа, улогите се свртеа. Уште повеќе: „да бидеш прикажан на телевизијата” е потврда на реалитетот.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Тие исто така можат да го одредуваат начинот на кој се задоволува потребата за дрога - орално земање на метадонот, на пример, наместо инјекција.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Строгоста на овој систем, посебно откако владата ги заостри прописите 1968. година, значително ја ограничи легалната можност на наркоманите да набават дрога.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Потајно улам на тебе, на твојата скришна насмевка, на твоите усни во кои заоѓа сонцето, улам на строгоста на твојот збор, на твојот рапав глас, улам на твојот поглед насочен како стрела кон сонцето.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)