Детето е подзинато, плаче, ги испушта првите животни гласови, се тресе од студ или од страв - оставено без мајчина утроба.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Децата ги повиваат во конопни партали од вреќи до колку не умрат во првите шест недели од студ или глад, бидејќи мајките ни до третиот ден од раѓањето не се поштедуваат од тешките полски работи.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Од студ или од глад, влакната на грбот му се кострешеа.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Секогаш, сегде, пролетта е настан, трепери во роса, ‘ртот клас и ластар.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)