Со сивата паларија со црн ширит што започна да ја носи уште за време студиите во Цариград кај блиските по мајчина линија уште во дваесеттите години на веков, а од која не се одвојуваше до крајот на животот, со црната службеничка чанта преполна со книги, стари отомански списи, остануваше некако настрана од овие луѓе, забрзани во животот.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Организирана хронолошки, изложбата почнува и завршува со варијации на растителни форми, мотив кон кој Бојс репетитивно се навраќал.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Некои од најраните дела датираат од времето на Бојсовите повоени студии во класата за цртеж на скулпторот Евалд Матер.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Неговата жена е Унгарка, забен лекар, со која се сретнал некаде на студии во Холандија, и со неа овде, во Уј, свиткал гнездо.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Татко и понатаму молчеше. Чапаев продолжи: - Пред војната, ги завршував правните студии во Белград.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Набргу ни откри дека тоа беше портретот на неговиот вујко Фетхи-беј Окијар, кај кого живеел за време на своите студии во Цариград.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Требаше да се претстави во Судот, требаше да си ја проба среќата, со својата отоманска диплома за завршени правни студии во Цариград...
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Има голема разлика меѓу живот во геј-гетото на некое градиште жариште, како Сиднеј, и растење во гратче во Северен Мичиген додека да заминете на студии во Ен Арбор.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Детето од женски пол, според него, започнува да станува жена „кога за првпат ќе ги види гениталиите на другиот пол.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Многу години подоцна читав една студија во која Зигмунд, тогаш средновечен, објаснуваше како се станува жена.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Откако овој си заминал, Гоце му ги вратил парите на Балабанов и му рекол дека секогаш кога студентите заминувале на студии во големиот град, стопанот на кафеаната доаѓал и им ги пребарувал џебовите.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Како и со кои средства ќе ја прати на студии во Скопје, кога кредитите веќе јадеа половина од платата.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Затоа не очекувајте претерано компетентна студија во врска со фудбалот во СФРЈ.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
По пет – шест години доби стипендија за последипломски студии во Берлин, по враќањето кратко време беше член на Советот на општината на неговото родно место, па пратеник во парламентот, за на крајот да дотурка до најсериозен кандидат за претседател на својата партија ( генералот Стојан во тоа време беше сопственик на еден супермаркет во едно мало провинциско градче и не успеа да ги собере 10 000 потписи за да му се спротивстави на изборите како независен кандидат) и ете го сега тука во истата зграда пред која што пред рамно триесет години дојде да бара демократски слободи и права...
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Татко авторитетно продолжи: Писмото и азбуката со кои се служеа Турците беа и за нив исто така, позајмени од арапската цивилизација.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Авторот на книгата, писателот и историчар Леон Каин (1841-1900), професор на Сорбона и конзерватор на големата библиотека во Париз Мазарин, во 1899 година го запознал младиот албански полиграф и полиглот Фаик Бег Коница (тогаш 23-годишен), со завршени филолошки студии во Франција, кој совршено го владеел стариот и новиот француски јазик, потоа неколку балкански и европски јазици, старотурски и новотурски, санскрит и други јазици.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Али Фети тоа убаво го насети и продолжи: Ти, синко, успешно ги започна правните студии во Измир, а и работеше со најпознатите адвокати, би било убаво да ги продолжиш на Цариградскиот универзитет.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Климент Камилски располагаше со студијата на Петар Скок, Restes de la langue turque dans les Balkans, објавена, во белградската Меѓународна ревија за балкански студии во 1934-1935 година, подоцна успеа да го најде штотуку излезениот речник во 1957 година во Сараево на Абдулах Шкаљиќ, Turcizmi u narodnom govoru i narodnoj knjizevnosti Bosne i Hercegovine, во кој биле обработени осум илјади турски заемки.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Климент Камилски со големо внимание и восхит го слушаше Татко како му раскажува за неговите кадиски студии во Цариград.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Кога бев на студии во Белгија и Франција, јас ги читав стриповите за Тинтин и за капетанот Хадок.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
На Татко дотогаш му се немаше случено да ја отвори толку многу својата душа и од неа да ослободи толку тајни од својата младост.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Натписот беше ист како и во 1936 година кога со библиотеката раководеше стариот Ерменец, големиот ерудит, познат ориенталист Хрант Самуелиан, кого судбината по завршените правни студии во Цариград го носи во Париз со една мала библиотека источни книги.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Татко додека го следеше патот на една голема количка која ги носи трите сандаци со книги, а Камилски чекори зад неа, слушајќи лево-десно коментари, дека си го потрошил времето за овие книги, кои ќе завршат на некој таван или подрум се сети на своето враќање од Цариград, многу години пред да се најде Камилски во Париз, кога во родниот Поградец крај Охридското Езеро, по студиите во Париз, стигна со една чеза во која имаше два големи куфери.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Меѓу своите пријатели имаше и сефарди од кои за прв пат го слушна јудеошпанскиот, кој по големиот расцут во Османската Империја беше во залез, во времето на револуцијата на Мустафа Кемал Ататурк, кога беше силен притисокот на турскиот монолингвизам.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Кога се најде на студии во Цариград во Галата, на европскиот дел покрај турски се зборуваше и француски, грчки, ерменски и јудеошпански.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Татко, како познавач на старотурскиот, односно османскиот јазик, но и како негов современик, за време на студиите во Цариград, беше мошне внимателно слушан од Камилски, макар што според него говорителот се оддалечуваше од целта на дебатата, ако цел воопшто имаше.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Со огромно задоволство раскажуваше интересни анегдоти или интересни доживувања од неговиот живот, најчесто од периодот на неговите студии во Скопје: еднаш во текот на некое предавање по литература од страна на познатиот српски писател Бранислав Нушиќ (со влашко потекло, исто како Димовци, човек кој ја обожаваше Битола, неколку години живееше таму, дури и се ожени со битолчанка!), Петар скришно нацртал негов портрет – карикатура.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Во наш интерес е да останеме сите тука заедно и да наоѓаме начин да се справуваме со економските проблеми и да градиме заедничка иднина....“ говореше младиот каризматичен учител, свежо вратен во Битола по завршувањето на студиите во учителската школа во Скопје.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Зарем нејзиниот постар син Ариф не го знаеше францускиот јазик и не ги познаваше добро француските војници на чело со командантот на воената територија на Подградец, припоена на тогашната Република Корча, а зарем тие не му ветија еден ден, кога ќе заврши војната да го прифатат на студии во Франција? Зарем не му беше ветена иднината?
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Во 1922 година В. В. Набоков се наоѓа во Берлин, каде се преселил, откако ги завршил студиите во Англија.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
И Сестрите на св. Пол де Венсан посакуваа, на времето, нивната умна штитеничка, малата Ервехе, да си ги продолжи студиите во Италија.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Синовите му заминале на студии во Италија. Биле добро засолнати.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Не се знае што друго може да дочека, кога веќе не може да отпатува на студии во Рим.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Никогаш поинаку именувано освен како Езерото, во реалноста, Охридското Езеро, со својот албански брег, градот Поградец во кој е роден Луан Старова и во кој централниот лик во романот, наречен Татко, се враќа со своето семејство по завршените студии во Цариград, цврсто решен „да навлезе во тајните на историјата на Отоманската Империја на Балканот.”
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Кога татко ми во 1919 година замина на студии во Цариград, и се најде кај својот вујко Фетхи Беј Окијар, тогашен премиер на Турција, кој му овозможи во својата летна резиденција на островот Бујук Ада, близу до Царград, да се види со Ататурк и да му биде предложено да им се придружи во изградбата на новата татковина, татко ми неочекувано се врати на Балканот со својата отоманска кадиска диплома но и со нови книги од турското и европското право...
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Кога се најде на студии во Цариград, расрнат помеѓу Отоманската Империја во залез и Ататурковата Турција во изгрев, тој мораше мајчиниот јазик, османско-турскиот да го противстави на новиот книжевен турски јазик, кој го доживуваше Ататурковото чистилиште.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Татковиот брат, заминат кон Запад, на студии во Лондон пред војната, па вратен и останат со семејството во Поградец, па во Корча и Тирана, имаше трагична судбина во периодот на сталинизмот.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Таа ми даде неочекувана идеја дека може да се запишам на новоотворениот факултет со дисперзирани студии во Кочани.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Јас во собата на брат му кој беше на студии во Скопје и ретко доаѓаше дома, а тој си спиеше во својата соба.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)