Прво било навестено прогласување на опсадна состојба, меѓутоа, владата се задоволила со поблаги мерки и со издавање на наредба за формирање на Воен (прек) суд за брзо судење на атентаторите.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Неколку децении Австријанецот (по раѓање) Фаерабенд (на англиски се изговара fire-AH-bend) водеше војна против она што тој го нарекуваше „тиранијата на вистината“.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Со деконструирање на такви научни настани како судењето на Галилеј пред Ватикан и развојот на квантната механика, тој инсинуираше дека не постои никаква логика во науката; научниците ги откриваа и се придржуваа до теориите поради крајно субјективни дури и ирационални разлози.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
— Не ми мириса на добро, вели, во Унгарија почна судењето на Ласло Рајк.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Властите, барем во Солун, сакајќи да покажат пред надворешниот свет дека правосудството во Турција не било така „црно“ како што се мислело, прогласиле извесна јавност во судењето на гемиџиите и на другите процеси.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Со таа изјава Милан го информирал Судот дека сака да даде свој исказ во врска со судењето на групата на Гарванов.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Интересот за судењето на атентаторите, и одделно на атентаторот на „Гвадалкивир“ и „бакалот“, бил огромен.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
До завршувањето на судењето на останатите живи атентатори, тој можел релативно лесно да го оправдува држењето во затворот на голем број луѓе, и тоа го правел.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)