- И вели мајка, стана татко ти, извади илјада драхми и на судијата му ги кладе на маса. Aтој му вели: - Реков петстотини, а не илјада драхми.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
На судијата му е дозволено да заборави да ја истакне и онаа многу важна поединост: дека двете жени биле и платени чиновнички токму на тој Мирко Бунде; дека биле задолжени да извршуваат негови наредби, а дека нивната работна обврска била трагањето по грешките и непримерното однесување на авторите и другите работници од културната сфера со нагласка не само на нивните либерални, националистички па и анархистички сфаќања туку и однесувањето.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Дилемиве за кои зборувам, а и оние кои засекогаш ќе останат недоречени, ги разместував и средував во размислите во некоја од самиците на затворот по она мое неконтролирано однесување откако го бев слушнал разговорот на Катерина со Јана и Мирко Банде од канцеларијата на Роман Гигов Грофот.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)