сума (имн.) - од (предл.)

Триста и седумдесет гроша, што пари се, но ако се претворат во аспри ќе излезе баснословна сума од 44.000 аспри, сметајќи во еден грош четириесет пари, а секоја пара по три аспри, за која сума ќе треба да продадат 44 најдобри волови, та остави што секаков вол и не се продава по сто аспри.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Директорот, или некое друго одговорно лице кај работодавецот, ако ги прекрши одредбите од овој закон, ќе биде казнет со глоба од 1.000 до 1.500 евра, што претставува зголемување во однос на претходните суми од околу 600 до 800 евра, а глобата за одговорното лице во Агенцијата за вработување е утврдена на 500 евра, што претставува намалување во однос на претходниот опсег од околу 600 до 800 евра.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Арно ама, во моментот изгледа сè уште не беше избран автомобилот кој би ме лишил од животот и срцето ми е сосем здраво, иако и јас не сум противник на добрата капка.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И денес се лутам затоа што на шефот не му побарав отказ пред да бидам принуден да му го побарам; што неговите безвредни предмети не му ги фрлив пред нозе пред да бидам речиси принуден да му ги фрлам: зашто, еден ден мојата стопанка ми внесе во канцеларијата некој човек со мрачен поглед кој ми се претстави како продавач на лозови и изјави дека сум сопственик на сума од 50 000 германски марки ако сум тој и тој и ако имам некој си лоз.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Во граѓанската парнична постапка што Јакшиќ ја поведе пред Основниот суд Скопје II, ги тужеше компанијата- подизведувач во која работеше и плус уште две други компании кои се јавуваа во улога на изведувач и инвеститор на објектот на кој се случи повредата при работа [н.з. станува збор за ГТД „Бетон – Штип“ АД како второтужен и ГУТ „Луна Корпорација“ ДОО – Скопје, како третотужен].
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Преку својот адвокат (Т. Китановски и неговиот заменик В. Бубевски) кои му ја изготвија тужбата тој, преку суд, побара од нив солидарно да ги покријат трошоците за лекување и да му исплатат оштета за претрпена болка и психофизички повреди со трајни последици, која според наша проценка беше доста фер и праведно побарана сума од 3.400.000 МКД (55.735 ЕУР) – со оглед на претрпените физички и душевни болки поради нагрденост, како и со оглед на трајниот карактер на последиците и намалената животна и работна активност за во иднина, односно пропуштената заработувачка.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Од овој, но и од редица други слични вакви случаи кадешто како тужена се јавува оваа државна фирма – гледаме дека е мошне симптоматично тоа што судот ги [од]враќа работниците кои го тужат АД „Охис“, изнаоѓајќи лажни бирократски оправдувања за наводна „непотполна документација“ која тие, во рок од осум дена, треба да ја докомплетираа и да му ја достават на судот – иако, од друга страна, раководството врши опструкција и одолговлекува со издавањето било какви документи и информации кој судот може, но не сака (!?), да ги прибави по службена должност [ex officio].
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Иако има пракса да се договори со адвокатот за трошоци во висина од 10% од досудената и наплатена оштета, поради сигурноста во својот случај, тој се договара за трошоци според Адвокатската тарифа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
5 А како резултат на тоа, како и на злонамерното и буквалистичко толкување на законите – на овие работници, кои се во незавидна финансиска состојба, за џабе им пропаѓаат и не така незначителните суми од околу 50 ЕУР за уплатените судски такси.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Да бидеме попрецизни, неговото тужбено барање беше делумно усвоено и „Охис Пласт М“ како работодавач – во рок од осум дена од правосилноста на пресудата – требаше да му исплати сума од 96.515 МКД (1.580 ЕУР) на име неисплатени плати за периодот 2006–2008 година, зголемена за законската затезна камата – под страв од присилно извршување.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
2 Подоцна, во декември 2009, судечкиот судија- поединец (А.Шеху Асани)3 донесе исправна пресуда во корист на 176 Х.Џ – што значи дека спорот пред првостепениот суд траеше сѐ на сѐ шест месеци, односно беше испочитуван полугодишниот законски максимален рок на траење на постапката кај споровите произлезени од работните односи.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Спорот завршува позитивно за Б.Н. – со пресуда туженото МВР, како работодавач, да исплати сума од околу 40.000 МКД (о. 655 ЕУР) на име недоисплатени трошоци за пат.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)