Затоа вдахновено проповедај:
едното е поделено на безброј
цареви и арлекини
скрбни и среќни
нееднаквоста е врховно начело
на Целоста, универзумот луминозен
сферичен, фокусиран
нематеријално материјален
а ти кој посматраш, сфаќаш:
генијот е разорна будност на супстанцата
ѕвезден јазол на белузлавото јајце
знак за дослух меѓу телесата
данте, шекспир – параболи!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)