суштество (имн.) - бев (гл.)

Тоа суштество беше ќерка му на дедо Ивана, старата девојка.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Имаше ужасна суша и ползечките суштества беа жедни за дожд, нивните челусти се отвораа и ги исплазуваа јазиците за да ја почувствуваат влажноста во сувиот воздух, која ја немаше.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Иако не знаев што работи, јас знаев дека работи нешто радосно, целото негово суштество беше исполнето со таа блага светлост, се колнам, тој тогаш беше во некој друг свет, незамислив, далеку од домот, далеку од сите тие сплетки и грдости.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
И секогаш потоа, кога веќе не бев девојка, и се обидував да се сетам на девојките од времето кога и јас бев девојка, пред очите ми се појавуваа само оние најблиските, се сеќавав на преплашеноста во гестовите, на потреперувањето на гласовите, на воздржаноста која уште повеќе ја истакнуваше заузданата возбуда.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ние бевме првата генерација девојки родени по настанувањето на зборот “сексуалност” во 1859 година, ние бевме девојки во она време кога интимниот однос помеѓу машкото и женското тело некои го нарекуваа ”телесен чин”, други - “венеричен чин”, трети - “нагон за расплодување”, и тоа физичко соединување на двата пола беше исчекувано со идеализирање, но беше сфаќано и како деградација, а понекогаш за исто суштество беше и едното и другото: од тоа соединување на двете тела се очекуваше воздигнување на душата во некои небесни сфери, но и се гледаше на него како на некаква животинска активност која ја валка душата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
А сигурно тоа женско суштество беше создадено од трагите на оние наши средби во детството.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Го премолчував тоа од тебе, затоа што знаев дека прво морам да ја завршам потрагата по одговорот за моето раѓање.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Суштеството беше премногу запоставено, желно за мирен сон, гладно за духовна храна, премрзнато од студените погледи на Еразмо со кои секојдневно беше шибано, како потсвесна самоомраза, небезбедно од острите стрели на стравот на Еразмо, што напаѓаа со налет врз него секојдневно, згора на се, осудувано со самообвинувања поради немоќта да се сака себеси.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Суштеството беше слабо, испиено од неможноста духовно да се развива, изнемоштено од притисокот на лошите етикети, себеосудувањата, кои што преставуваа пречки за растеж.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)