суштество (имн.) - чиј (зам.)

Во оваа глава се анализирани и повеќе други проблеми: петрификацијата на мислењето, проблемот на одлуката (инспириран од Кјеркегор), како и проблемот на рационализмот на идеологијата и нејзината митска свест.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Истакнато е и сведувањето на човекот (од страна на идеологијата) на homo rationis - суштество чии судови и одлуки се секогаш добро промислени, од што следи и барањето на идеологијата за одговорност на поединецот за неговите судови и одлуки.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
На Татко му стануваше јасно дека не постои друго суштество чиј кружен циклус на животот се одвиваше на толку голем простор на планетата, како што беше случај со јагулата.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)