Се чинеше коњот и неговиот јавач се едно суштество што одвреме-навреме се раздвојува, па секоја од двете засебни единки тргнува по некој свој однапред одреден пат, но веќе во следниот момент двеве разделени единки повторно се слеваа во една нова поцврста целина, која, барем така изгледаше, ништо повеќе не може да ја раздвои.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Ова мало суштество што до пред десетина минути не постоеше, му ги одвлече мислите од секојдневноста, го вовлече во оној чуден, магловит свет на слики и претстави што можат да се создадат само во мислите.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Изразено со зборови, тоа звучеше разумно: а кога ги набљудуваше човечките суштества што поминуваа покрај него по тротоарот, тоа стануваше чин на вера.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Но човекот е сепак тој кој управува со својот живот но и со животот на сите суштества што го придружуваат. Дај боже да грешам!
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
А таму: ем мапет, ем шоу: една наказа пее „Манамана“, опкружен со две суштества што му прават „Туту- туту-ту!“.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Во овој случај, површината е екран, т.е. оној поширок, „мета” простор каде што се случуваат промените на рамништата, каде што се вртат фасетите и се клика со глушецот. (мојот главен јунак, говедцето, им држи едно себеразоткривачко, исповедничко предавање - како некаква едновремено и потврда и пародија на Лакан - на суштества што се нарекуваат глувци!)
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)