Таа немаше име, немаше дури ни лик; таа беше суштество од светлина кое трепереше пред моите затворени очи.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Беше бестелесна, а сепак сиот мој копнеж се впиваше во неа, затоа што знаев дека, некаде на светов, таа има и свој телесен облик.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Гледаме „тројца писари, а сите тројца заедно имаат две раце“, гледаме накази и чудесија, момче „прекриено со пот од бела крв“, застрашувачки суштества од морските длабочини и небески височини, цела една низа на „фасцинирачки пореметувања“. Arcimboldo inverno 232 okno.mk
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Можеби и оние суштества од дворот брзаат, но на некој посебен, нивен начин.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Роботичкото телеприсуство доведува до правовремена човечка ефективност на едно реално место во светот без да има човечко суштество од крв и месо на таа локација.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Оваа изрека е важна, но тешко може да се преведе. Pendu е глаголска именка која значи виси или висечки предмет, предмет што виси. Femelle е суштество од женски род, но, зборот има вулгарно значење.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Дефинирањето на ВР со телеприсуство угодно ги исклучува имагинарните светови на уметноста, математиката, и забавата.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
„Стравичното“, „стравичните авантури“, она необичното и чудно се халуцинаторни теми на германскиот дрворез помеѓу 1570 и 1630-та.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Уште по патот од станицата, мајското сонце го натера да се почувствува нечист и обледнет, како суштество од затворен простор, со лондонскиот чад во порите од кожата.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)