Го гали отец Ангелариј тажно празниот кревет и плаче; потем излегува на конак и погледнува кон Галичица; сонцето сепак свети, а по тажните падини на испуканата, сушна земја надоаѓаат многу, многу скакулци.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Зора е веќе: гледа отец Ангелариј дека гаснат убавите очи на отец Лаврентиј, загледани в небо, пред летен дожд, и во тој момент, во одајата со тресок влетува празен креветот на отец Лаврентиј, паѓа на местото од каде одлета пред три месеци и знае отец Ангелариј дека отец Лаврентиј веќе нема да се врати.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Другата ноќ пак, виде отец Ангелариј оти отец Лаврентиј трча по падините на Македонија; табаните му се камен, но тој трча и паѓа; виде оти носи абер, оти нема да стигне до Бело Езеро, нема да втаса да каже што видел во идни времиња и што станува со исчезнатото сочинение.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)