тава (имн.) - и (сврз.)

Се засука Митра пак. Ја зеде тавата и маст, ѝ даде на Доста брашно и една ваганка да размати тесто за питулици и напржија еден два саана.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Таа мина низ кујната ѕвечкајќи со сребрениот прибор за јадење, удирајќи со тавите и разбивајќи ја тишината што дотогаш насекаде владееше.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Кочо погледа во девојчето. Тоа беше седнато до огниште, ја држеше тавата и го подбуцнуваше огнот.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Госпоѓа Морис, мајка ѝ , одвај ја забележа кога јурна покрај неа и почна да ги отвора фиоките, бучно пикајќи ги тавите и кујнскиот прибор во вреќа.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Додека мајка ми со каленицата беше отидена да пушти вино, баба ми во едно чинивче ја стави другата половина од компирите од тавата и, како со потфрлање, им ги подаде на дедо ми и на татко ми.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)