Ми дојде на сон тешка како осамено заборавање,
ко свето море и коб ми капна во речта
нова како заљубување, убава како сеќавање
тагата ми дојде ко будење на прастара мечта.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
2. Зборот ми е уморен од несоница
Поседи уште малку
уште неколку мига
Овде е сѐ толку будно
ни лудило да не ти недостига
поседи уште малку
времето барем во среќата спие
– јас никаде
Во тагата ми ѕирка преплашено дете
поседи уште малку
моќна е близината -
разделени како сонот од лагата
кажи ми што виде ноќеска...
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Тага ми го стисна грлото. Го гледав малото неподвижно кученце и не можев да верувам дека утре не ќе можам да го поделам со него кришум земеното парче леб.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)