Со време, за сите различно
животот ќе се претвори во складиште на отсуства:
без зуење, без зборење, без пискот
нема пожар, нема татко
нема семејни пријатели
нема гости, нема милост
нема иднина
нема држава, нема ништо
нема како што познаваш...
нема, без, нема без
...
Твојот живот ќе биде пополнета празнина.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Таа татко нема, затоа ем како вујко, ем како на местото од татко што нема; редно е тој да си го даде зборот.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Завладеа молк во Татковата библиотека. Татко немаше што да каже.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Јас немав униформа, зашто татко немаше пари да ми купи.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
II Татко немаше посебни пороци во животот во градот крај реката.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)