татко (имн.) - ви (зам.)

Како е Татко ви? - се огласи Псалтир Палогоров. - Татко ми е многу добро!
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
— Е, ошче ли мислите така да живејте, како татковци ни?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Толе ги гледа и си мисли: „Еј мои максамчиња, ќе робувате и вие како виа дедовците ваши овде и ќе слушате приказни за татко ви, ако останете по него. Не, не.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Море, ами асли татко ви е пустињото оти бегате од него!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Еве го и татко ви, токо зошчо ви е кога не може да ви помогне!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Море ми, како живејме!... зар вие не знајте; како вие шо живеете пред да и наметните, како татковци ви и дедовци ви.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Ќе му го покажеме на татко ви кога ќе се врати.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
- Геврек или рогушки, што чекате татко ви да ви донесе? - се шегуваше со нас Петре Даскалот.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
- Ви купи ли татко ви нови палтенца и чевли?
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Ете, чедо, што ви направи татко ви.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
За Мацко не грижете се милички, татко ви и јас веќе се договоривме: нашите роднини од село ќе го причуваат во тие три недели.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
АНЃЕЛЕ: Да го поздравам ли татка ви? Кај него ќе одам!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
ДЕПА: А, така! Ај, да сте живи. Вас да ви дојде со здравје татко ви.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Но ако почнат луѓето од завист, од злоба, да боцкаат отстрана, да ги потпалуваат и ќерките и зетовите, да им удираат спонци и да им велат: зарем вие ништо не земате од татко ви: зарем да му оставите сè на Скрче да се шири и ужива...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
СУЛТАНА: Татко ви инаку ве учеше. ЕВТО: Знам што нѐ учеше. Кажи што нѐ научи?
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
СТЕВО: Во Дебар Маало. Каде што е претставништвото на татко ви. Ние сме ѕид до ѕид.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Татко ви сѐ виде, а се правеше дека не забележува.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Татко ви е прекрасен човек.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
СТЕВО: Татко ви ви зборувал за мене?
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Трифун и Сотирчо малку се изненадени, запират пред нив и туку мласкат со устите без да пуштат глас, додека една од девојките, помалечката, не им се врекне Што не си одите кај татко ви и мајка ви? Или се загубивте?
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Така ми порача татко ви, а и душава така ми кажува.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Татко ви, како и секогаш, имаше иницијатива.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Татко ви, ноќта пред бомбардирањето, ми рече: „Јас ноќва заминувам, варди ги децата!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ниту Татко, – додаде другиот брат. – За ова што ќе ви раскажам, ни Татко ви не знае.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
„Бегајте, бегајте! Оставете го татко ви да размислува!“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)