Татко веќе длабоко спиеше. Тоа се чувствуваше од неговото дишење. Мајка го покри со наметката...
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Родена и порасната во Бразил, Мартинс се школувала на една француска школа во Рио Де Женеиро и течно зборувала француски.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
За да избега од својот несреќен брак отишла во Париз, каде нејзиниот татко веќе живеел во прогонство.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Утрата не беа така привлечни, зашто кога ќе се разбудев мама и тато веќе беа отидени на работа.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
На ваши години живи Германци заробувавме, само слушајте, чесен збор, живи фашисти, запомнете, или ќе бидете луѓе достојни на вашите татковци (нашите татковци веќе ги немаше), - или подобро и вас да ве нема, проклет да бидам и нека нè нема.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Јас седнував покрај неа, таа ќе ми дадеше варен компир или парче леб со путер и, додека работеше, додека џвакав, чекав брат ми да дојде во кујната – знаев дека веќе е буден и ги повторува лекциите што ги имаше учено претходниот ден.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Знаев дека мама е таму - го палеше огништето, шиеше или приготвуваше јадење, а татко веќе беше во продавницата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Синот на инженерот Ајфел, зашто великиот татко веќе од пред повеќе години беше умрен и погребан, пребледе како крпа. Зар бевме во можност да се бориме?
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Виде семејство собрано околу трпезата: трите деца и таткото веќе беа седнати, мајката сè уште стоеше и ги послужуваше, обидувајќи се – како што можеше да открие според нејзините движења – да ја задоволи нетрпеливоста на двете постари деца коишто мавтаа со лажиците и се врткаа на столчињата.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Цела лажица пикна в уста.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Еве го Претседателот со цилиндар и редингот, во кралска кочија.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)