Така ние двајцата си се галиме и се „лигавиме“, што би рекол брат ми, а уште ако е свежо бричен, па лицето му е мазно, уживам да го штипкам и да го бакнувам.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Татко најмногу стравуваше сталинизмот да не се всели и најдолго да не остане во душата на неговиот албански народ, па троверен каков што беше, католички, православен и муслимански, можеше да страда и од тројна болка, ако му се наметнеше новото јаничарско-сталинистичко преобраќање. Бог да чува од полошо!
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Потоа да нè видеше, како испустени – ме прегрна цврсто. – Мило мое, на тато тоа најмилото девојче – ме галеше. – Кого тато најмногу на светот сака? А?
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
XVI Од сите градови во Македонија, Татко најмногу сакаше да патува во Битола.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)