Во ниту еден наш театар нема кујна во која можеш да се насркаш топла манџа, ама скоро во сите се чувствува мирис на запршка.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
- Во Струмичкиот театар нема повеќе да се зборува за последниот ден на Мисирков затоа што само Чак Норис може да го одреди последниот ден.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Многу од театарските познавачи, на организираните дискусии тврдат дека новиот театар нема да поаѓа од текстот, всушност, текстот нема да му биде појдовен реалитет.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)