тежина (имн.) - и (сврз.)

Прекумерната употреба предизвикува губење на телесната тежина и ја ослабува имунолошката состојба на корисникот.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Потоа уште долго време детално го истражувавме влијанието на анорексијата врз односот на Еми со другите луѓе.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Не бев изненаден кога *Ментална анорексија –одбивање да се земе храна, интензивно губење во тежина, пореметување на телесната слика, опсесивна грижа за тежината и страв од дебелеење. 40 Margina #4-5 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Па на левиот тас да ги нареди пладневните тежини и оној часовник што чука 12 пати за конечно разбудување како од Ог Мандино, зашто залудно ми се очите отворени кога мижам со години да не видам.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Несмасен и збунет Арсо се движеше без телесна тежина и сиот беше само некаква намера, некакво демнење и страв за нешто.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Со тежината и со топлината моја ќе ги пеглам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Силата веќе ѝ беше одземена од студот, а тежината и тромоста зголемени.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А после пак продолжуваше да ги прави оние свои мачни чекори, додека топорејќи му се со некое свое урнување врз него со сета нејзина тежина и недоодливост се надвиснуваше најпеколната мачна угорница на белиов свет.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во ноздрите ми се стврднуваше врел воздух.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Никола спомена болест што доаѓа кога човек ќе се најде под игли на темнолилав дожд среде планина, нешто што е и мраз на коските и срам на слабост во месото, но јас, како да не сфаќав за кого се говори, не прашав какво име има таа болест и која света трева ја извлекува со пот од болниот, ти велам: бев само сам, самјак, осаменик, се грчев под тежина и се сеќавав на жената што ме најаде или се обиде да го стори тоа пред да ѝ го видам грбот во отворената врата на собата во која се влегуваше преку чардак.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Ех, верувај ми, од грбов ми паднаа три планини тежина и многу ми олесна на душава! – рече Добре, најдобриот човек на светот – Пријателу, штом ќе ги сместиш каде што им е местото, врати се пак.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Тежината и леснотијата на животот, сплетена во активностите на дождот и во секојдневностите на луѓето, беа само едно обично полнење и празнење на енергии и ништо повеќе и ништо помалку од тоа.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Работата е многу едноставна. Треба да се води сметка за тежината и за зафатнината на секој орман.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)