Доколку не се соочите со разликите, ќе ве сметаат за хомофоб и фашист затоа што не сте во тек со новово време (прокламирано од западот) додека медиумски ќе ви се потпикуваат силиконите, промискуитетот и манекенството како врвни вредности.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Во времето кога „Танцот со волците“ конкурираше за наградата на Академијата, оние кои навистина сакаа да бидат во тек со настаните знаат дека учеството во ова веќе започнато национално преиспитување зависи од нивната идентификација со оние „другите“, маргинализираните.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Марксизмот беше само еден од филозофските мисловни текови со кој се послужи Ленин за да ја преземе власта од царистичка Русија и ја наложи советско-комунистичката, за да дојде потоа Сталин со уште пожестоката и помилитантна идеологија.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Тој често ноќе остануваше тука за да биде во тек со работите кои, како што велеше, не смеат да излезат од контрола.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Тој е диригент кому му е потребно често да го удира камертонот од нешто и повторно да го наслушне, да го фати тонскиот тек со кој концертот ќе продолжи.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Времињава се такви па мораме, а и сакаме да сме во тек со настаните.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Шефот на протоколот бездруго беше во тек со содржината на пораката, но бараше некаква потврда со која ќе ја потврдеше и мојата вредност.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Не знаеше дека пред малку всушност се наоѓала далеку, на границата што можеме само да си ја замислиме и дека оттаму во ова време ја беше вратил мојот глас, мојот повик.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Значи таа не беше во тек со авантурата во која се беше упатила.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Како по некој договор, сите дружно, козари сосе козите од маалото, се зададоа кон реката, сите во тек со најновите историски настани.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)