Ислуженото тело веќе не ја додржуваше душата. Беа исчезнати од Татковото лице и брчките, трагите на големиот егзил.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Се сеќавам на тоа лето, на прошетките по брегот на медитеранот, на жешките денови кога во далечината освен синилото на морето, таму некаде се појавуваше и фатаморганата на тој совршен момент.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Дојди без намера, дојди случајно, дојди без каење, зборовите не ги изговарај, мислите ги знаеме, копнежите се силни, чувствата се исти, угаси го светлото, привлечноста на телата веќе не опи, заведиме, посакајме, зошто сум страст и љубов.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Неговото формирано тело веќе од поодамна покажуваше дека ја минало границата на зрелоста.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Иако телото веќе одамна почива.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Половина метар во каменото тело веќе е направен пробив.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
И му дојде сега наеднаш, нагрвали којзнае од каде од него, чиниш се породи некаква фурија во некои неочекувани длабини од него, заедно со едно беснило, што го обземаше, заедно со она лудечка желба да се издроби во тој снег, и сето тоа полека се вообличуваше во оној лик, оној одамна сретнат и чиниш умрен со заборавот ѕидар, воскресна, чиниш сега сретнат како нешто, што се случува веднаш тука, пред неговите очи, чиниш со неговото тело, и тој набргу се најде целиот себеси сегашен во тој одамнешен лик, а неговото тело веќе сето се завитка во она, што тој отпрвин го имаше само во сеќавањето за набргу да се најде сиот, и духом и телом, понесен и збеснет во тоа...
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Стоеше увиснат во таа изумрена просторија, а сите болки во неговото тело веќе почнуваа да се здрвуваат и да завиваат во секој зглоб, со својата остината оловна грутка.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Мозокот обработува околу 125 милијарди сигнали во секунда, така што е јасно дека кога ќе дојдеш во состојба инсталациите во телото веќе да не функционираат и се одвојуваат од умот, почнуваш да пливаш во едно неверојатно купиште од можности...“
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Телото веќе ѝ беше здрвено. Ја завиткавме во чаршаф така склопчена.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
„Како фетус,“ реков, кога ја изнесуваа од собата за која велеше дека е матка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Зашто тоа мртовците во сандакот стануваат така тешки?
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Велат, по некоја инерција, дека телото веќе не се управува од самиот... или некоја глупост од овој тип; ѝ противречи на механиката и на здравиот разум.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)