Муабетеа за тривијални теми во кои тој добро се снајде.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Наеднаш фрижидерите им станаа главна и скоро единствена тема во разговорите.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Завладеа некаква општа фижидероманија.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Но тоа не се оствари, додека проектот со јаничарството остана дежурна тема во мислите на Татко за минатото, сегашноста и иднината на Балканот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Одбрав тема во духот на мојот балкански патријархален инстинкт, од нашата неприкосновена тврдина низ вековите семејството, во чиј методолошки пристап не можев да се ослободам од принципите на дијалектичкиот материјализам, во рамките на славната советска наука по Октомвриската револуција.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Заткулисните игри околу наследството беа главна тема во куќата.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Бидејќи распоредот на книгите во библиотеката претставува една од битните теми во делата на Луан Старова, треба веднаш да се истакне дека неговите книги би можело со право да се вредат меѓу романите на Исмаил Кадаре и Данило Киш.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
За време на овој престој на Христов во Македонија, на Универзитетот ”Кирил и Методиј” во Скопје му беше доделена титулата ”Почесен доктор” (Honoris causa) по филолошки науки за неговите истакнати големи и трајни заслуги во континуираното и високо уметничко афирмирање на македонската тема во американската литература во ХХ-иот век.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Ние постарите имигранти живеевме и се боревме низ еден период кога казанот за претопување беше прифатлив феномен, и американизацијата беше главна тема во американскиот живот.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
„Some other time“, ѝ рече тој и бргу ја бакна за да ја смени темата во нешто поубаво.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Покрај многуте нешта во романот што даваат ритам на свадбата - стожерната тема во приказната, впечаток ми остави поглавјето во кое осакатениот и во телото и во душата, Мухарем, по загубата на црвениот петел, им се придружува на Среќко и на Исмет, луѓето задолжени за погребување.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Режисерот Јан Босе го прашал писателот Џон фон Дјуфел зошто се занимава со темата во романот на Томас Ман „Буденброкови“ и зошто не седне и напише оргинално дело.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Во стварност, Бах и Ешер обработуваат една иста тема во два различни “регистра”: музиката и графичката уметност.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Понискиот од овие два гласа ја пее својата тема во C мол (што истовремено е и тоналитетот на сиот канон), додека повисокиот ја пее истата тема, со тоа што е помесетен нагоре за една квинта.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Уште се сеќавам со задоволство и почит на Кралската љубезност што ми ја укажа вашето Величество пред некое време, при мојата посета на Потсдам, кога ми отсвири една тема за фуга на клавичембало и така љупко побара од мене да ја развијам темата во Неговото пресветло присуство.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Ќе ѝ пристапиме од три страни: (1) како на супкултурна практика – суптилна, сложена и тешка за теориски опфат – која почнала да се испитува во еден малечок, но значаен корпус на дела од областа на квир- студиите; (2) како на тема во машкото геј- писмо; (3) како на студиски проект, бидејќи и самиот предмет ќе претставува експеримент за самиот процес на иницијација што се стреми да го осознае.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Кампот, најпосле, е „облик на самоодбрана“.223 Како инаку оние што негостољубивиот општествен свет ги држи како пленици ќе можат доволно да го дереализираат за да не му дадат да ги сотре? (Ова е една од темите во Сартровата Сeн Жене.) Ако тоа е тоа што значи да се „тривијализираат“ сопствените или туѓите чувства, ако тоа значи да не се сфаќаат буквално и неиронично, тогаш тешко дека нивното тривијализирање ќе ги обезвредни и багателизира.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Вие добро знаете дека Албанија не е честа тема во француските медиуми.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Додека поп артистите и нивните први предци (Rauschenberg, Rivers, Johns) го воведоа радикално новиот свет на популарни теми во ликовните уметности, Енди го имаше сето право (со комбинацијата на неговата фотографска доследност во користењето на свиленото сито и пророчката моќ на неговите теми) да го даде завршнот збор во означувањето на крајот на претпоставената доминација на американското апстрактно сликарство и да постави сосема нов склоп на можности.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
За прв пат воведен во „Структурната трансформација на јавната сфера“ (1962), овој концепт ги информира сите подоцнежни дела на Хабермас, со клучно навраќање на темата во 1990-те години, во неговото монументално дело „Меѓу фактите и нормите“ (1996).
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Хабермас за јавната сфера Јавната сфера може да се посматра како главна тема на делото на Хабермас, како нужен предуслов за вистинска демократија.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)